ЛАДНО ЦЕДЕНО МАСЛО ОД СУСАМ 250мл

ЛАДНО ЦЕДЕНО МАСЛО ОД СУСАМ 250мл

125 MKD
без ДДВ: 119 MKD
Производител: Aгрофила
Шифра на производ: 0009
Достапност (кол. на залиха): На залиха
Количина:

Масло од сусам е растително масло добиено од сусамово семе. Масло од сусам потекнува од растението Sesamum indicum. Семето се пресува за да се добие светло- жолто масло, кое содржи здрави, незаситени масни киселини вклучувајќи ги и линолова, палмитинска, олеинска и стеаринска киселина. Овие масни киселини лесно се апсорбираат во организамот. Маслото исто така ги содржи витамините А, Б и Е. Масло од сусам е едно од постабилните природни нерафинирани масла, но сепак е ограничено и треба да се внимава од поголема изложеност на светлина и високи температури за време на екстракцијата, преработката и складирањето со цел да се минимизира загубата на хранливи материи по пат на оксидација. Сусамовото масло се користи како лековито масло илјадници години наназад. Собери Кога зборуваме за историјатот на маслото од сусам, треба да се вратиме на самото семе од сусам. Сусамот бил познат под називот benne од страна на Кинезите. Преку неколку биолошки студии во Кина, истражувачите пронашле траги од сусам во гробницата на Zhejiang, Кина пред 5000години. Ова значи дека има можност ова семе да потекнува од таа земја. Но, некои археолошки истражувања на Блискиот Исток, откриле дека сусамовото масло се произведувало уште пред повеќе од 3000 години во Индија и Персија. Сепак, некои луѓе се на мислење дека тоа за прв пат се појавило во Африка, а подоцна било користено во Индија и Кина. Производството на масло од сусам исто така има долга историја. Сусамовото масло најпрво се користело како еден вид на гориво за домаќинство. Денес, постојат голем број фабрики за производство на вакво масло и неговата примена станува се повеќе и повеќе ефикасна.

Нутритивни и здравствени придобивки:

• калциумот, железото, манганот, цинкот, магнезиумот, селенот и бакарот се особено концентрирани во маслото од сусам. Тие имаат витална улога во коскената минерализација, производството на црвените крвни клетки, ензимската синтеза, производството на хормони, како и регулирањето на срцевите и скелетните мускулни активности.

• Претставува многу добар извор на Б-комплекс витаминот, како што се ниацинот, фолната киселина, тиаминот (витамин Б1), пиридоксинот (витамин Б6), и рибофлавинот.

• Ниацинот е уште еден Б-комплекс витамин пронајден изобилно во сусамот. Тој помага во намалување на нивото на ЛДЛ-холестеролот во крвта.

• Претставува голем извор на протеини во исхраната со висок квалитет на аминокиселини, кои се од суштинско значење за растот, особено кај децата.

• Содржи неколку забележителни здравствена придобивки, хранливи материи, минерали, антиоксиданси и витамини кои се од суштинско значење за здравјето.

• Особено богато со моно-незаситени масни киселини, олеинска киселина, која помага да се намали ЛДЛ или “лошиот холестерол” и го зголемува HDL или “добриот холестерол” во крвта.

• Маслото од сусам има интензивен мирис. Многу вкусно во салати.

• Се користи во креми и сапуни со своите навлажнувачки својства.

• Маслото од сусам е исклучително добра замена за маслиновото масло и има одлична примена кај масажите.

УПОТРЕБА:

• Го намалува крвниот притисок;

• Го спречува ракот;

• Го спречува дијабетесот;

• Го зајакнува здравјето на коските;

• Го регулира на дигестивниот систем;

• Помага кај ревматоиден артритис;

• Го подобрува респираторниот систем, спречува астма;

• Се препорачува жубуркање со масло од сусам за орално здравје;

• Ги намалува ПМС симптомите;

• Го намалува холестеролот;

• Се користи во козметичките производи.

Напишете коментар или оценка

Вашето име:

Вашиот коментар:

Забелешка: HTML-от не е преведен!

Оценка: Лош Добар

Внесете го кодот за верификација во полето:

Агрофила Дооел © 2018. UKION SHOPS