ЛАДНО ЦЕДЕНО СОНЧОГЛЕДОВО МАСЛО 500мл

ЛАДНО ЦЕДЕНО СОНЧОГЛЕДОВО МАСЛО 500мл

84 MKD
без ДДВ: 80 MKD
Производител: Aгрофила
Шифра на производ: 0005
Достапност (кол. на залиха): На залиха
Количина:

Се смета дека сончогледот потекнува од Северна Америка и дека Индијанците се први кои почнале да го одгледуваат пред околу 8000 години. Тие го користеле сончогледот како диуретик и подобрување на видот, но исто така претставувал главна компонента во исхраната се до периодот кога Европејците прв пат ја посетиле Америка. Ладно цеденото сончогледово масло се произведува по пат на ладно пресување на семето во специјални преси на температура не повисока од 40°C. Оваа постапка на ладно цедење е едноставен метод на гмечење на семето, без употреба на топлина и хемиски растворувачи (т.е без рафинирање на производот), при што се добива чисто масло во кое се задржани вкусот, аромата и нутритивните вредности на семето. Тоа има жолто-златна боја, но бојата најмногу зависи од својствата на семето. Ова масло има повеќе витамин Е од било кое друго масло, кој е добар антиоксидант и позитивно влијае врз човечкото тело.Комбинацијата намасникиселини, палмитинска киселина, стеаринска киселина, олеинскакиселина, илинолинска киселинасе важни заодржување на разниелементи на човечкото здравје. Содржината на масните киселини во ладно цеденото сончогледово масло е поврзано со нивото на енергија во телото, при што го држи телото полно со енергија и здравје. Покрај тоа, ова масло содржи голема количина на Омега-6, кој е неопходен за мозокот и правилно функционирање на организмот.Ладно цеденото сончогледово масло го зајакнува имунитетот, му дава енергија на телото, корисно е за срцето, го подобрува здравјето на кожата, служи како превентива за канцер, го намалува нивото на холестерол, заштитува од астма и ги намалува воспаленијата. Исто така помага во одржување на храната свежа и здрава подолг период. Ова масло како и маслото од маслодајна репка има висока точка на загревање и може да се користи на високи температури, за лесно пржење, печење, готвење.

Карактеристики и употреба:

• Кулинарство;

• Како состојка во козметички производи: лосиони, лак за нокти, шампони за коса;

• Се користи како средство за после сончање;

• Помага да се релаксираат уморни, подуени очи;

• Ја подмладува кожата и ја прави сјајна;

• Како лек против кардиоваскуларни проблеми, на пример хипертензија.

Напишете коментар или оценка

Вашето име:

Вашиот коментар:

Забелешка: HTML-от не е преведен!

Оценка: Лош Добар

Внесете го кодот за верификација во полето:

Агрофила Дооел © 2018. UKION SHOPS