За нас

Ладно цедените масла од производната програма на Агрофила се произведени на традиционален начин на пресување на различни маслодајни семиња, како што се сончоглед, семе од маслодајна репка, тиква, сусам, орев, бадем и други кои што во себе содржат голем процент на масло. На тој начин во маслото се зачувани сите природни високо квалитетни состојки.
 
Ладно цедените масла се еден вид на природно исцеден сок од семки на различни видови растенија, што во себе ги содржат само своите природни хранливи состојки и се одликуваат со мирисот и вкусот на самото семе од кое се произведени. Тоа се нерафинирани, хемиски и термички нетретирани масла, кои обликуваат со незаситени есенцијални масни киселини, витамин Е, провитамини, лецитини, фитостероли, минерали и други состојки исклучително корисни за здравјето на луѓето.
 
Маслото не содржи било какви конзерванси или адитиви и ќе им помогне на граѓаните да се вратат кон традиционалниот, природниот и здрав начин на исхрана и живот.
 
Фирмата Агрофила - Штип располага со сопствен производствен капацитет за производство на автентично ладно цедено масло за јадење. Објектите се наоѓаат на ул. Брегалничка бб, во просторот на поранешниот ТК Македонка, во близина на Штип. Производствениот капацитет е лоциран во исклучително еколошки чиста средина, опкружен со повеќедецениска шума и прекрасен парк, во чии состав се наоѓаат повеќе објекти:
 
  • погон за прием, селектирање и прочистување на примениот семенскиот материјал;
  • силоси за складирањен на семенскиот материјал наменет за преработка;
  • современ погон за преработка на семенскиот материјал;
  • погон за финална обработка на маслото, филтрирање и пакување на маслото;
  • магацин за чување на готовиот производ;
  • различни придружни објекти.
Ладно цедените масла се еден вид на природно исцеден сок од семките на поедини видови на растенија, што во себе ги содржат само своите природни хранливи состојки, и се одликувааат со мирисот и вкусот на самото семе.
 
Тоа се нерафинирани и термички нетретирани масла, кои обилуваат со есенцијални масни киселини, витамини растворливи во масло, лецитини, фитостероли и минерали корисни за здравјето на луѓето.
 
Сметаме дека нашите производи ќе им помогнат на потрошувачите да се вратат кон природниот и здрав начин на исхрана.
 
Дејност
 
Како нус-производ во овој процес се добива производ ќуспе, наменет за сточна исхрана.
 
Преработката на семињата се врши со примена на технологија на ладно цедење на семињата, што значи дека маслото механички се цеди на ниска температура (не повисока од 40°C), без употреба на топлина или хемиски растворувачи.
 
По одделувањето на маслото од цврстите делови на семето, тоа физички се прочистува од примесите со помош на филтер, по што се врши негово пакување како готов производ.
 
Агрофила врши промоција на здрав начин на исхрана и едукација на купувачите низ практични брошури за корисноста од употребата на чисти и природни масла.
 
Агрофила Дооел © 2018. UKION SHOPS